За Нас

За Нас

   Мадал Бал е интернационална компанија, која успешно обединува широк спектар на бизниси и понуда на производи. Основана во Цирих во 1978-мата година, започнувајќи со продавница за здрава храна, таа денес вработува преку 350 луѓе во 10 земји, постојано ширејќи се во различни сегменти на делување.

   Бројните продавници за подароци се наш основен бизнис во неколку земји: Швајцарија, Австрија, Германија, Италија и Чешка. Втор најголем столб се нашите сопствени брендови на алати, кои се најзастапени во Словачка, Чешка и Унгарија. Нашата големопродажба на чаеви и здрава храна пак, како и разните аксесоари за домаќинството, дополнително ја прошируваат нашата активност.

   Наша основна цел од секогаш било тоа да ја менаџираме компанијата фокусирајќи се на луѓето, независно дали се работи за нашите вработени или за нашите муштерии, наместо фокусот на чистото максимизирање на профитот.

   Сите сегменти од нашето делување се поврзани со една централна идеја: нашата желба да им понудиме на нашите муштерии што поширок спектар на практични и здрави производи, со добра вредност. Нашата врвна цел е да имаме задоволни муштерии.


 

На Кратко за Нашата Историја

- Во 1978-мата година, Мадал Бал ја отвара својата прва продавница за здрава храна, во Цирих;

- Во 1981-вата година, нашата компанија започнува со увоз на канадскиот јаворов сируп и успешно работи во бизнисот со здрава храна во неколку земји: Германија, Швајцарија, Холандија и Австрија;

- Во 1987-мата година е отворена првата продавница за подароци во Грац, а потоа и во Виена – именувана Sewa. Во годините кои следуваат, овој сегмент заедно со бизнисот со алати се шири и во други земји: Швајцарија, Италија, Германија, Чешка, Унгарија, Словачка итн;

- Во 2006-тата година Мадал Бал започнува да работи во Македонија, со продажба на големо и на мало на подароци преку продавниците за подароци Sewa, но исто така и со алати, претставувајќи ги сега веќе познатите брендови за хоби и професионална употреба: Extol, Fortum, Heron и Kito.

- Во 2012-тата година Мадал Бал во Македонија ја отвара својата прва продавница за велосипедска, планинарска и скијачка опрема и облека “Outdoor.mk”,  претставувајќи ги врвните брендови во овој сегмент, и подоцна и богат продажен салон за алати (именувана Купи Алат).

- Во 2013-та година Мадал Бал ја започнува својата инвестиција во градежништвото, но за ова детали ќе споделиме наскоро.


 

Ве молиме преку линковите на насловната страна, за подобро да се запознаете со посебните активности на Мадал Бал во Македонија, посетете ги посебните веб страни.

Со почит,
Тимот на Мадал Бал во Македонија